Иако мислевме дека пролетта е во полн ек, се чини дека утрово треба да се вратиме на подебелите парчиња поради пониските температури. Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со џемперче во крем боја. Утринава задолжителна е оваа потенка јакна во зелена нијанса со натпис на грбот. Што се однесува до чевлите, иако сметате дека можеби повеќе не е време за чизми, денеска истите се задолжителни во оваа комбинација. Секако, не заборавајте ја и стилската чанта и кружните обетки кои се вистински хит оваа пролет.

 

 

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
450 пати