Новата работна недела ја започнуваме со деловна комбинација, која истовремено е удобна и составена од пачриња што можете да ги вклучите и одделно во многу други комбинации.

За денеска одбравме тегет широки панталони со висок струк, кои ги услогласивме со син кошула топ. Во задниот дел е на ластик, а во предниот е интересно врзан. 

На тоа додаваме палто во интензивна розова, што ќе ѝ даде живост на комбинацијата. Кога се модните додатоци во прашање, стајлингот го заокружуваме со тегет чизмички до глужд и чанта во иста нијанса со палтото.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
5 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати