Првиот ден од работната недела поминете го во топло издание со оглед на времето со кое се разбудивме утринава. Носиме тесни фармерки и ги комбинираме со нежна бела ролка и син џемпер со етно принт во долниот дел. На комбинацијата додајте и стилски капут во сина нијанса, црни чизмички и чанта во иста нијанса.

Имајте супер старт на работната недела!

Објавено:
21 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
946 пати