Првиот ден од скратената работна недела започнете го со супер женствена комбинација составена од неколку парчиња кои знаеме дека ќе ви се допаднат. Денеска носиме лежерен кошула - фустан со принт и ремен кој ја нагласува половината. Комбинацијата ја надополнуваме со чевли на висока потпетица во темно сина боја и тексас јакна која ја обожаваме во комбинација со вакво фустанче. Чантата денеска е супер модерна во две бои, а она што задолжително ви е потребно се очилата за сонце и некое ланче доколку сакате да го носите фустанот откопчан.

Уживајте во сончевиот понеделник!

Објавено:
10 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
550 пати