Првиот ден од работната недела е секогаш тежок, па мора некако да го разубавиме. Денеска носиме слатко карирано фустанче во сино – бела нијанса со романтичен карнер и тенки прерамки.

Го комбинираме со неодоливи сандали со ремчиња на плута кои се едни од најпосакуваните и најудобните обувки за летниот период.

Во однос на модните додатоци, за денеска одбравме стилска чантичка со реси во предниот дел и секако, очила за сонце во нежна кафена нијанса.

Уживајте во денот и имајте прекрасна недела!

Објавено:
2 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
986 пати