Првиот ден од работната недела го дочекавме со навистина ниски температури, па потребно е добро да се облечеме.

Денеска носиме елегантни панталони во сива нијанса и шик принт и ги комбинираме со бела маичка, а одозгора шик палто во пруги.

Комбинацијата надополнете ја со тренди чизмички во темно црвена нијанса и чантичка во иста боја. Што се однесува до накитот, единствено носиме едно впечатливо ланче кое совршено одговара со сите парчиња во комбинацијата.

Имајте убав ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
3 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.032 пати