Се чини дека зимата повторно се враќа, па доколку го средивте плакарот, сега е момент повторно да им се вратиме на топлите парчиња.

Денеска носиме стилски панталони во сива боја и ги комбинираме со едноставна црна блузичка, а целиот акцент денеска е ставен на ова шик палто во иста нијанса како панталоните.

Што се однесува до модните додатоци, единствено носиме сребрено ланче и алка, а секако и едноставна црна чанта.

Иако најверојатно ќе врне во текот на целиот ден, тоа не не спречува да бидеме стилски и да ја надополниме оваа комбинација со бели патики.

Уживајте во дождливиот ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
836 пати