Првиот ден од работната недела секогаш е малку тежок, а утрово се разбудивме и со облачно време кое дополнително го отежнува почетокот на работната недела.

И температурите се малку пониски, па денеска носиме елегантна комбинација составена од неколку парчиња кои се вистински класици.

Одбравме едноставни тесни панталони во сива боја и ги комбинираме со едноставна бела кошулка. Целото внимание денеска е насочено кон ова прекрасно сиво капутче кое е задолжително во овој период од годината.

Времето сè уште дозволува да носиме рамни и помалку отворени чевли, па со комбинацијата можете да одберете едни такви и чанта слична на нив.

Имајте убав ден! 

Објавено:
8 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
410 пати