Првиот ден од работната недела направете го да биде и најубавиот од истата! Поминете го во стилска комбинација во која ќе се чувствувате удобно и модерно и подготвени да ги завршите сите обврски кои се пред вас. Денеска носиме широки фармерки и ги комбинираме со прекрасна блузичка со карнери и широки ракави, а со оглед на ниските температури наутро, без проблем почнете да си носите и топли чизми над глуждовите. Утрово комбинацијата надополнете ја и со тексас јакна од која подоцна можете да се ослободите. Што се однесува до модните додатоци, носиме единствено слатка црна чантичка со крзнени додатоци и очила за сонце во супер форма.

Имајте успешен старт на работната недела!

Објавено:
26 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
852 пати