Првиот ден од работната недела поминете го во топла и стилска комбинација со оглед на ниските температури кои не дочекаа утрово. Денеска носиме едноставни фармерки и ги комбинираме со топло џемперче во кафена нијанса со интересни апликации по површината. Комбинацијата истакнете ја со овие крем чизмички до над глуждовите и парка јакната која и оваа зима ја обожаваме. Чантата е во слична нијанса како и чизмите, а карминот неутрален и неодолив.

Имајте успешен старт на работната недела!

Објавено:
21 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
949 пати