Првиот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од кул фармерки со интересни апликации и црна кошулка со карнер која ја обожаваме оваа сезона. Надополнете ја комбинацијата со слатки оксфордки кои ќе ви помогнат да му се спротивставите на дождот и накит во црна и сребрена нијанса. Чантата денеска е неверојатно стилска со интересен украс и истата одлично ќе се вклопи во целосниот стајлинг.

Уживајте во првиот ден од работната недела!

Објавено:
16 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
463 пати