Понеделник во тексас здолниште и жолта блузичка
•
24 септември 2018
Првиот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во градот, па она што треба да го направиме е максимално да го искористиме додека не дошла есента.
Носиме тексас здолниште со копчиња во предниот дел и го комбинираме со шик блузичка во неодолива жолта боја со широки ракави и панделка во предниот дел.
Комбинацијата надополнете ја со овие кул плетени влечки додека времето сè уште е топло и бела чантичка која совршено ќе се надополни.
Имајте супер старт на работната недела!
Фото: Shein.com