Првиот ден од работната недела поминете го во топла комбинација со оглед на температурите што нѐ дочекаа изутринава. Носиме шик фармерки во темна нијанса и ги комбинираме со топла ролка во темно црвена боја. Сега е вистинско време за вашите омилени капути, па денеска носиме еден во зелена боја со прекрасни црвени цветови на површината. Го комбинираме со интересни чизмички во слична нијанса како ролката, а носиме и шапка што одлично ќе се вклопи во целиот стајлинг.

Објавено:
30 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.294 пати