Новата работна недела ја започнуваме во една вистинска летна комбинација. Нашиот денешен предлог е тесно здолниште на риги во портокалово-бела варијанта. Интересно е и поради страничниот преклоп, а високиот струк уште повеќе ќе ви ја нагласи половината.

Го комбинираме со бела маичка со голи раменици и широк карнер во предниот дел. На ова додаваме рамни сандали во слична нијанса со здолништето.

Комбинацијата ја заокружуваме со очила за сонце и чанта со принт во споменатите тонови. 

Ви посакуваме успешна работна недела!

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
434 пати