Првиот ден од работната недела секогаш е исклучително тежок, но денеска времето е неочекувано топло па одберете комбинација во која ќе уживате цел ден.

Носиме топло џемперче во зелена боја и го комбинираме со црна тиролка и палто кое совршено одговара со останатите парчиња.

Мартинките денеска се одличен избор за да ја надополните комбинацијата, но одберете и соодветни хулахопки.

Секако, носиме и шик црно ранче кое одлично се вклопува во целиот денешен стајлинг.

Имајте прекрасен ден!

Објавено:
29 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати