Денеска е последниот понеделник од оваа 2016 – та година, а воедно и последната недела во која треба максимално да уживаме. Почнете ја работната недела со топла и тренди комбинација составена од едноставни темни фармерки со висок струк и џемперче во темно сина нијанса кое совршено одговара со ова тренди капутче. Комбинацијата надополнете ја со чизми на висока потпетица, кожена чанта и шик модни додатоци како топла зимска капа и ракавици во црна нијанса.

Уживајте во денот!

Објавено:
26 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
593 пати