Добро утро! Новиот месец ни пристигна, а со тоа официјално почнавме да одбројуваме до 2020 година. Воедно, почна и новата работна недела, а ние за денес имаме еден женствен предлог.

Иако времето конечно заличе на зима, сепак не се откажуваме од здолништата. Миди здолниште со принт е во центарот на комбинацијата, кое е искомбинирано со топол бел џемпер и црн долг капут.

Високи црни чизми се супер избор, а широк впечатлив ремен е нешто што ќе ја направи комбинацијата уште повпечатлива. 

На крај додајде чанта во некоја друга боја, а беретка или капа се совршен моден додаток со кој би ја заокружиле комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден, работна недела и месец!

 

Објавено:
2 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.860 пати