Новата работна недела ја започнуваме во женствена деловна комбинација. Се одлучивме за црни широки панталони (може да бидат килоти, а ако не ви се допаѓа како ви стојат, тогаш нека бидат долги) кои ги комбинираме со бисерно бела кошула.

На кошулата има дискретен принт со точки, како и ситни карнери на ракавите. На ова додаваме светлоцрвено палто на закопчување, збогатено со карнерi, што го прават необично и интересно.

Кога се модните додатоци во прашање, комбинацијата ја заокружуваме со црни чевли и колор-блок чанта.

Имајте успешна работна недела.

Објавено:
19 март 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
731 пати