Добро утро! Сонцето денеска сите нè разгали и ни го направи почетокот на неделата многу поподнослив. Ние пак, како за старт на новите работни денови ви подготвивме една женствена деловна комбинација, во која веруваме ќе се пронајдат многу дами.

Нашиот денешен предлог се црни килопти панталони, кои ги комбинираме со бела кошула на точки, која на раваквите има мали карнери.

На тоа додаваме црвено палтенце-јакна во интензивна корална нијанса, исто така со карнери, кои го прават елегантно и женствено.

Комбинацијата ја заокружуваме со црни чевли и колор-блок чанта.

Објавено:
4 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
441 пати