Добро утро! Новата работна недела ја започнуваме со сонце и убаво време. Токму затоа и нашиот денешен избор за предлог-комбинација за стајлинг на денот е фустанче кое совршено може да се вклопи во вашиот деловен стил, но и за некоја пригода.

Фустанчето е во А-крој, со долги ракави, кои имаат набори на рамениците. Во предниот дел има руска јака, на која има ленти кои се врзуваат во панделка што е посебно женствен детаљ.

На крајот додадете салонки, капут и чанта и подготвени сте предизвиците да ги дочекате со стил.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
3 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
947 пати