Првата среќна среда од новата година поминете ја во стилска топла комбинација составена од неколку навистина женствени парчиња. Утрово се разбудивме со снег што го очекуваме и во текот на денот, па топлите парчиња денеска се задолжителни. Носиме плетено фустанче во кафена боја и го комбинираме со високи, но рамни чизми во малку потемна кафена нијанса. Комбинацијата истакнете ја со овој долг капут во посветла нијанса, а украсете ја со оваа шик чанта во темно црвена боја како и ракавиците. Уживајте во сончевата среда! 

Објавено:
4 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
627 пати