Вториот ден од работната недела го дочекавме со малку облачно и врнежливо време, но тоа не значи дека денеска не треба да блеснете во полн сјај. Одберете ретро комбинација во која ќе уживате во текот на денот, а со овие фантастични чизми ќе се заштитите од дождот без проблем. Носиме и широки фармерки кои се најдобар сојузник на овие чизми есенва и стилска ролка во пруги со цветни ретро апликации во горниот дел. Утрово температурите се малку пониски, па со себе понесете ја и вашата омилена кожена јакна и секако, неодоливата црна чанта.

Уживајте во денот и не дозволувајте облаците да ви го расипат расположението!

Објавено:
4 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
698 пати