За денеска ви подготвивме една романтична, а истовремено и безвременска комбинација, што може да ви се најде за повеќе пригоди.

Одбравме црно здолниште од нежна тантела, кое го комбинираме со бела кошула-боди. Во предниот дел има т.н. шал крагна што ѝ дава елегантна нота.

Кога се модните додатоци во прашања, црни сандали со ремче совршено се вклопуваат во овој стајлинг. А за да не биде сè во црно-бела комбинација, одлучивме чантата да биде во винтиџ зелена боја. Секако, вие можете да си играте со која боја сакате.

Имајте убав ден!

Објавено:
31 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
563 пати