Оваа работна недела ја започнуваме во розова боја. Нашиот денешен предлог се сиви панталони со висок струк и ремен кој се врзува во панделка. 

Во горниот дел се широки, додека ногавицата доле се стеснува. Ги комбинираме со розов топ без ракави, со украсна тантела во долниот дел.

На сето тоа додаваме сандали во иста нијанса со горниот дел и црни детали. Кога се модните додатоци во прашање, додаваме и чанта во сива нијана, блиска на онаа со панталоните, црни очила за сонце и секако розово карминче.

Ова е комбинација што може да функционира и на работното место, како и за други дневни активности. 

Ви посакуваме успешна работна семица!

Објавено:
14 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
621 пати