Викендот секогаш е резервиран за кафе муабет со оние со кои не успеавме да се видиме во текот на целата недела и секогаш за ручек со семејството. Ако тоа го правите некаде надвор, ние ја имаме совршената комбинација за вас.

Денеска ви предлагаме еден супер романтичен бел фустан со откриени рамена и копчиња во предниот дел. Фустанот дополнително го украсуваме со црн ремен на половината и мини чантичка како една од омилените сезонава.

Со оглед на денешните температури, фустанот украсете го со сламена шапка во крем нијанса и секако, шармантни сандали на ниска потпетица со кои ќе уживате во текот на целиот ден.

Имајте супер сабота!

Фото: Pinterest

Објавено:
6 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
814 пати