Започна викендот, а со оглед и на убавото време, потрудете се да го искористите максимално. Наш денешен предлог за тоа што можете да облечете е едноставно фустанче, што ја следи линијата на телото, на кратки ракави и со натпис.

Ние го комбинираме со култните старки, а на крајот додаваме модни додатоци, со кои го заокружуваме стајлингот. 

Ранчето во иста боја со фустанот ќе биде практично парче што нема да ве попречува во активностите. Ако сте љубител на накит, тогаш чокерот одлично би се вклопил во овој изглед. 

Очилата за сонце и карминот се секако задолжителни.

Уживајте максимално во викендот!

Објавено:
2 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
303 пати