Оваа снежна сабота, искористете ја на најдобар можен начин. За некој тоа претставува лежење во топол кревет и уживање во некој филм или книга, додека за други е прошетка по снегот и враќање во детството.

Доколку се одлучите денеска да излезете, нашата предлог комбинација се црни фармерки со висок струк и црна топла ролка. Може да биде пократка, а може да се одлучите и за подолг модел, важно е да ве топли.

На тоа додаваме беж капут и чизми до глужд. Но, со оглед на снегот, вие можете да ги замените со високи или со оние токму за овие временски услови. 

Иако ги нема на фотографијата, од дома не излегувајте без капа, шал и ракавици.

Имајте убав викенд!

Објавено:
26 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
742 пати