Конечно викенд и ден пред прекрасните празници, па да го искористиме најдобро што можеме. Денеска договорете ручек или кафе со пријателите и семејството и блеснете во најдобро издание пред слободните денови.

Дотерајте се во шик комбинација составена од неколку парчиња што се вистински класици. Карираното здолниште во крем нијанса го комбинираме со едноставна црна ролка со која ќе се стоплиме и истовремено ќе бидеме стилски.

Комбинацијата надополнете ја со високи црни чизми и топло волнено капутче. Секако, не заборавајте ги и модните додатоци како обетки и накит по ваш избор и тренди чанта.

Имајте супер викенд и уште поубави празници!  

Фото: Pinterest

Објавено:
5 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
726 пати