Оваа прекрасна сабота поминете ја во шик црно – бело издание составено од неколку клучни парчиња што секоја девојка мора да ги има во плакарот. Денеска носиме елегантни црни панталони и ги комбинираме со слатка црна кошулка со бела јака. Бидејќи времето денеска е прекрасно и се очекува сонце во текот на целиот ден, комбинацијата надополнете ја со дебел џемпер со сличен дезен како и панталоните. Носиме и црни чизмички до глужд и слатка бела чантичка што одлично ќе ви прилега во целата комбинација.

Уживајте во саботата!

Комбинација: Mango

Украси: Royal House

Објавено:
12 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.139 пати