Иако времето надвор денеска се чини не ни оди во прилог, тоа не значи дека денот треба да го поминеме дома, туку само добро да се облечеме.

Завршете ги сите обврски и реализирајте го кафето или ручекот со семејството во топла и шик комбинација.

Денеска носиме едноставни и удобни фармерки и ги комбинираме со тренди топла ролка во јака црвена боја.

Иако е облачно, прогнозата вели дека времето за кратко ќе се разубави, па комбинацијата надополнете ја со овие рамни црни чевли и чантичка во иста боја, а за секој случај со вас понесете ги и очилата за сонце.

Имајте супер викенд!

Објавено:
10 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
910 пати