Време е за вистински одмор од работните обврски и уживање во омилениот викенд. Без разлика дали денеска испланиравте прошетка во природа или пак кафе и ручек со најблиските, одберете удобна комбинација во која ќе уживате во текот на целиот ден. Денеска носиме шик фармерки во светла нијанса со висок струк и ги комбинираме со црвена топла ролка и интересна спортска јакна. Задолжителни и денеска се чизмите, овој пат во ниска варијанта, а секако, стоплете се со оваа зимска капа и не ги заборавајте и очилата за сонце.

Имајте супер викенд!

Објавено:
24 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
410 пати