Викендот е време кога сакаме максимално да ги искористиме деновите на кафе со пријателките, семеен ручек или некоја вечерна забава.

Без разлика какви ви се плановите овој викенд, денеска ви предлагаме една ултра женствена комбинација составена од неколку шик парчиња во кои ќе блеснете.

Носиме плисирано здолниште до под колената во две летни бои и го комбинираме со едноставна маичка на куси ракави во интензивна црвена.

Комбинацијата ја надополнивме со црвени сандали на висока потпетица и мини чантичка во иста нијанса.

Имајте убав ден и уште поубав викенд!

Објавено:
22 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
608 пати