Конечно викенд! Ако планиравте оваа сабота да ја поминете во прошетка или кафе со пријателите, тогаш ние ја имаме совршената комбинација за вас.

Денеска носиме фустанче на преклоп со црна основа и цветови по површината и го комбинираме со едноставни црни рамни сандали.

Што се однесува до модните додатоци, комбинацијата ја надополнуваме со оваа кафена чанта и секако, задолжителните очила за сонце.

Имајте супер викенд!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
4 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
658 пати