Викендот конечно дојде, па ако добро се наспавте, време е да го започнете денот. Блеснете во полн сјај овој викенд, бидејќи летото конечно дојде и вистинско време е да ги извадиме цветните парчиња од плакарот.

Денеска носиме една токму таква комбинација составена од лелеаво цветно здолниште и неодолива кошулка со ист принт.

Доколку сте поканети на некоја свеченост овој викенд, комбинацијата истакнете ја со крем сандали со висока потпетица, а ако планирате да шетате со пријателите, тогаш рамните чевли ќе бидат ваш најдобар сојузник.

Украсете ја комбинацијата со некои обетки по ваша желба и секако, задолжителните очила за сонце.

Имајте супер сончев викенд!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
9 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
745 пати