Викенд е, па и нашата денешна комбинација ќе биде полежерна. Се одлучивме за џинс, кој го споивме со широка кошула на точки. 

Врз тоа додаваме плетена наметка во беж нијанса. На фотографијата има ремен околу половината, но можете и да го извадите, ако сакате повеќе комоција.

На крајот, комбинацијата ја заокружуваме со колор-блок чизми до глужд, чанта во слични нијанси и украсна тока и нежен кармин.

Иако времето не ни оди во прилог, сепак испланирајте некоја средба со пријателите или прошетка и релаксирајте се.

Имајте убав викенд!

Објавено:
3 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
618 пати