Без разлика како и да планирате да го поминете овој ден, дотерајте се и уживајте во истиот! Иако утрово се разбудивме со малку пониски температури, тоа не значи дека подоцна во текот на денот времето нема да се разубави.

Денеска носиме фантастично цветно фустанче со зелена основа и го комбинираме со хит чевлите на сезоната. Комбинирајте го со оваа чантичка со супер принт, задолжителните очила за сонце, интересни обетки со реси во темно црвена боја и неколку шик прстени. За поздрав и поубав ден, утрото пречекајте го со овошен сок кој ќе ви даде супер енергија за сите активности!

Уживајте во слободната сабота!

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Mango

Чевли: Bata

Накит, чанта и очила за сонце: Parfois

 

Објавено:
23 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
437 пати