Првиот ден од прекрасниот викенд завршете ги сите обврски што ги одложувавте во текот на целата недела и поминете квалитетно време со вашите најблиски! По тој повод, блеснете во шик кафено фустанче од фантастичен материјал со везени апликации од цветови во предниот дел. Уживајте во денот со овие супер удобни кафени сандали со ремчиња во комбинација со ретро чантичка во слична нијанса. Како и секој сончев ден, така и денеска задолжителни се очилата за сонце овој пат во кружна и кафена верзија. Украсете ја комбинацијата со одличен ретро накит и направете овој викенд да биде уште еден незаборавен!

Објавено:
20 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
310 пати