Викендот значи дека е време да се видите со сите пријатели и деновите да ги искористите максимално за сè она што го посакувавте во текот на работната недела.

Денеска, носиме шик лежерна комбинација со која ќе можете да уживате во текот на целиот ден без разлика што ќе правите.

Џинсот е секогаш наш прв избор, па и денеска носиме светли фармерки во комбинација со жолта маичка на прерамки.

Бидејќи утрата веќе се свежи, комбинацијата надополнете ја со црна кошулка која ќе ја носите откопчана.

Времето сè уште е одлично за сандали, па денеска носиме едни шик со животински принт.

Уживајте во викендот!

Објавено:
15 септември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
500 пати