Конечно дојде викендот, а со него и пониски температури. Никако не откажувајте ги вашите планови за денеска, туку само променете ја комбинацијата.

За денеска ви предлагаме едноставно црно фустанче совршено за разни пригоди, а истото го комбинираме со нашата омилена тексас јакна.

За уште постилски изглед, комбинацијата надополнете ја со овие шик чевлички со кои ќе се заштитите од дождот.

Од модни додатоци, единствено носиме часовник, а за секој случај со вас понесете ги и очилата за сонце, бидејќи секогаш имаме верба дека облаците ќе си заминат.

Имајте супер викенд!

Објавено:
23 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
680 пати