Утрово конечно се разбудивме со прекрасно сонце во градот, па веќе знаеме дека денот мора максимално да се искористи. По тој повод, денеска блеснете во супер стилска комбинација за кафе со пријателките или прошетка на која долго чекавте. Носиме плетено фустанче во крем нијанса и го комбинираме со ниски стилски чизмички во малку потемна боја. Доколку планирате да излезе уште сега, задолжително носете и јакна, бидејќи утринските температури сѐ уште не се високи колку што треба. Модните додатоци денеска се супер шик, а носиме тренди ранче и кружни обетки во златна нијанса за уште постилски изглед.

Имајте супер сончева сабота! 

Објавено:
18 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
534 пати