Оваа сончева, но студена сабота поминете ја во шик издание составено од неколку фантастични парчиња. Носиме кусо здолниште во прекрасна црвена боја и го комбинираме со стилско џемперче со карнери на ракавите. Комбинацијата ја дополнуваме со топол капут во кафена нијанса и уникатни чизми со слатки реси во задниот дел. Не заборавајте ја и вашата омилена чанта во кафена боја, а секако и хулахопки по ваш избор кои ќе ве стоплат на овој студен ден.

Објавено:
23 јануари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
972 пати