Конечно викенд и време за сѐ она што планиравте да го направите во текот на неделата, а не стигнавте.

Оваа сабота се одлучивме за целосно бела комбинација составена од стилски парчиња што ќе ги обожавате.

Носиме лежерни бели панталони кои се широки и одлично се согласуваат со подеднакво шармантната блузичка со голем карнер во предниот дел.

Ракавите повторно се пуфкасти како еден од најголемите трендови оваа сезона. Комбинацијата ја надополнивме со кафени сандали на висока потпетица и кружна чанта во иста нијанса.

Имајте супер сабота!

Фото: Vogue

Објавено:
14 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
637 пати