Во тек се матурските и апсолвентските прослави, па доколку имате повеќе такви, а немате идеја што да облечете, ние денеска ќе ви дадеме еден предлог.

Комбинезонот е идеално парче за повеќе пригоди. Тоа колку сакате да сте дотерани, можете да го нијансирате со модните додатоци.

Овој од сликата во корална нијанса го комбиниравме со тегет кратка јакна и сандали во истата боја.

Чантата е со монистра во форма на цвеќе, во истите нијанси. По желба можете да додадете некое парче накит.

Ви посакуваме забавен и весел викенд!

Објавено:
20 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
575 пати