Може да се рече дека со ноември есента конечно пристигна. Иако метеоролозите велат дека викендов ќе биде студено, не треба да ги спречи тие што имаат слободен викенд да уживаат во него.

Доколку денес или утре планирате некоја прошетка, или се собирате со пријателите или сè уште немате конкретна идеја што би правеле, но знаете дека не сакате да го поминете дома, ние имаме предлог комбинација како можете да се дотерате.

Кожените панталони и оваа есен се хит, па во конкретниов случај се искомбинирани со црна ролка и палто во кафена нијанса. Стајлингот е заокружен со чизми до глужд, шешир и мала впечатлива чанта.

Вие можете да ги комбинирате по својот вкус.

Имајте убав викенд!

 

Фото: Pinterest.com; 

Објавено:
2 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
831 пати