Конечно викенд и конечно сонце! За сите вас што денеска планирате да излезете од дома и да го поминете викендот опуштено, имаме токму една таква предлог-комбинација.

Нашиот избор за денеска е џинс со висок струк во комбинација со маичка со принт и долг плетен кардиган. Стајлингот го дополнуваме со розово металик рачне и рамни патики со сиви и розови детали.

Можете да додадете очила за сонце и подготвени сте за денешните прошетки.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
30 септември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
520 пати