Сабота во лежерни фармерки и шик дуксер
•
12 мај 2018
Сабота е дефинитивно еден од омилените денови кога сите сакаме да прошетаме, да излеземе со пријателите и семејството и максимално да го искористиме слободното време.
Токму затоа, секогаш погрижете се да одберете лежерна комбинација во која ќе можете да уживате, без разлика што и да правите.
Она што ви го предлагаме за денеска се овие кул фармерки во светла нијанса кои ние сакаме да ги комбинираме со шик блузон во нежна розова боја и едноставни бели патики кои се must have.
Нешто подоцна можете блузонот да го замените со маичка на куси ракави и да уживате во остатокот од денот.
Имајте убав викенд!
Фото: Pinterest