Викенд-расположението е на максимум! Сонце, денови за одмор и уживање се доволна причина да бидете насмеани.

Но, и убаво облечени.

Нашиот денешен предлог е макси здолниште со принт во пастелни нијанси. Во комбинација со кончена маичка со V-израз е совршен стајлинг за летните денови.

На фотографијата, комбинацијата е заокружена со обетки, часовник и плик чанта во пастелно розова, а вие можете да си играте со модните додатоци во склад со вашиот личен моден израз и така ќе ѝ дадете на комбинацијата ваш личен печат.

Ви посакуваме прекрасен викенд. 

Објавено:
29 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
711 пати