Овој викенд се одлучивме да ви предложиме фраерска комбинација, што може да ја носите и преку ден и навечер.

Се работи за спој на безвременската црна, кожена мото јакна и милитари панталони во беж нијанса.
Одоздола може да облечете црна ролка, а во зависност од тоа дали ќе ја комбинирате за дневна или вечерна варијанта, комбинацијата може да ја надополнтие со патики, чизми до глужд или високи потпетици.

Сонцето денеска срамежливо ѕирка, па за секој случај понесете си ги и омилените очила за сонце.

 

Објавено:
5 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
613 пати