Конечно викенд! Иако утрово се разбудивме со малку пониски температури и облаци во градот, тоа не значи дека времето треба да ви ги расипе плановите. Бидете вистинска дама каде и да планирате да го поминете денот со овие сини парчиња кои се совршени кога ќе се спојат. Носиме широки фармерки и ги комбинираме со лежерна сина кошулка со долги ракави и сини кломпи кои се едни од најпосакуваните сезонава. Чантата е исто така во шармантна потемна сина нијанса, а од накит единствено носиме обетки во златна варијанта.

Имајте супер исполнет викенд!

Објавено:
17 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
339 пати