Овој викенд одберете комбинација која ќе ви го понуди задоволството на удобноста и лежерноста, а истовремено ќе ги задоволи и вашите високи естетски критериуми.

Наш предлог за оваа сабота се ултра модерните панталони во широк крој со висок струк, со врзување во панделка околу половината. Моделот што ние ви го предлагаме е во пруги во нежно сина боја.

Овој пар панталони совршено се вклопува со краток топ - кошула во асиметричен крој со голи рамена.

Комбинацијата може да ја заокружите со интересна плетена чанта со натпис и еспадрили.

Објавено:
15 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
397 пати